Милена Миленковска беше најбрзата личност која го пронајде бурето што беше скриено во скопскиот ресторан „Пелистер“ во рамки на глобалната прослава на 150-годишнината на дестилеријата „Џек Даниелс“
Скопскиот ресторан „Пелистер“ беше локацијата на која што специјално, рачно изработено, буре на компанијата „Џек Даниелс“ беше скриено, а Милена Миленковска беше најбрзата личност која што го пронајде и ја освои првата награда. Со ова успешно заврши потргата по буре со која што Македонија, како и многу други земји во светот, ја прослави 150-годишнината од основањето на најстарата регистрирана дестилерија во САД.
Победничката најбрзо ги реши трагите, кои што беа споделени преку македонската Facebook страница на Jack Daniels, ја откри и прва пристигна на местото со што ја освои највредната награда. Таа вклучува специјално дизајнирана бар-опрема и патување за две лица во Софија, Бугарија, како и билети за рок-концерт.
- Навистина сум среќна што победив, прекрасно е да се овои наградата, но, исто така, беше забавно да се учествува во ова натпреварување бидејќи го поврза мојот град со еден од најдобрите и најпопуларните виски брендови во светот – изјави Милена Миленковска откако го прими признанието за кое што требаше да ги разоткрие четирите траги и да ја каже точната лозинка на чуварот на бурето, популарниот актер Сашко Коцев.
Со овој настан, Македонија се приклучи на глобалната прослава на 150-годишнината од основањето на дестилеријата „Џек Даниелс“. Потрагата по буре ја зајакна поврзаноста меѓу пријателите на Џек во земјата и во нејзиниот главен град. Македонија со тоа успешно учествуваше во настанот што почна во јули и во чии што рамки до крајот на месецов ќе бидат откриени вкупно 150 буриња во 50 држави, меѓу кои се и Соединетите Држави, Германија, Франција, Мексико и Нигерија.
Откако почна во родниот град на популарното Тенеси виски, Линчбург, 150-те години од основањето на дестилеријата „Џек Даниелс“ беа одбележани на сите страни на светот. Преку настани, специјални промоции и нови производи, Jack Daniel’s ги сподели автентичните приказни на најстарата регистрирана дестилерија во САД – и со старите и со новите пријатели.
- Во свет каде што промената е постојана, неверојатно достигнување е да се прави виски на истиот начин, на истото место, и по 150 години. Верувам дека издржливоста и успехот на Jack Daniel’s е резултат на нашата способност да работиме според животното мото на г-дин Џек, „Секој ден кога правиме виски, ќе го правиме најдобро што можеме“. Во текот на оваа годишнина, ја славиме нашата историја, традиции и вредности со тоа што продолжуваме да раскажуваме посебни и моќни приказни кои што го прават Jack Daniel’s уникатниот и навистина специјалниот бренд каков што е денес – вели Марк Мекалум, претседател на „Џек Даниелс“.
Во текот на 150-те години колку што постои дестилеријата Jack Daniel’s, процесот на производство е непроменет. Почнувајќи од внимателната, рачна изработка на секое буре, преку омекнувањето на секоја капка виски низ три метра јаглен од јавор, Jack Daniel’s Tennessee Whiskey се прави на истиот начин што самиот основач пионерски го започнал и го усовршил. Денес, мирниот град Линчбург сѐ уште ја произведува секоја капка од вискито што се пие насекаде во светот, а тоа е доказ дека посветеноста на квалитетот може да го издигне брендот многу подалеку од границите и преку различните култури.
Со цел да дознаете повеќе за Џек Даниелс и за 150-годишнината на дестилеријата посетете ја интернет-страницата www.jackdaniels.com.
- – -
За Џек Даниелс
Официјално регистрирана од Американската влада во 1866 година и сместена во Линчбург во сојузната држава Тенеси, дестилеријата Џек Даниелс е најстарата регистрирана дестилерија во САД.Таа е внесена и во Националниот регистар на историски локации. Џек Даниел е производител на светски славното Jack Daniel’s Old No. 7 Tennessee Whiskey, како и на: Gentleman Jack Rare Tennessee Whiskey, Jack Daniel’s Single Barrel Tennessee Whiskey, Jack Daniel’s Tennessee Honey, Jack Daniel’s Tennessee Fire, Jack Daniel’s Sinatra Select and Jack Daniel’s Country Cocktails.
Вашите пријатели од Џек Даниелс ве потсетуваат да консумирате одговорно
Нема коментари