Со ревии на брендовите P.S. Fashion и Aftershock London заврши модниот музички маратон на „Скопје сити мол“ и „Моден викенд-Скопје“ што три дена траеше во приземјето на скопскиот трговски центар. На настанот Fashion&Music Marathon вчера се претстави брендот P.S Fashion и низ перформанс ја прикажа колекцијата за пролет-лето 2014. На претставувањето покрај професионални манекенки, се појавија и водителките на на „Бекстејџ“ Миа Костова и Симона Станковска, како и водителката на емисијата „Живот со стил“ Елена Стефановска.
Брендот Aftershock London покрај кежуал модни парчиња претстави и свечени фустани како и аксесоари за актуелната сезона. Настанот Ready to Wear Fashion&Music Marathon се одржа од 8 до 10 април, тој беше од отоворен тип и во неговите рамки беа прикажани моделите на брендовите достапни во трговскиот центар, какоо „Спрингфилд“, LTB, „Манго“ , Celio, „Окаиди“, Fashion & Friends, „Арабеска“ и Bitsiani. Настанот беше организиран од Моден викенд Скопје и „Скопје сити мол“, поддржан од радиото Antenna 5 и има за цел да прерасне во традиција на славење на уличната мода.
Нема коментари