Кремите и лосионите за заштита од сонце се задолжителен дел од негата во лето и едни од првите работи што ги пакуваме кога тгниваме на летување покрај плажа, а во летниот период посебно внимание треба да обрнеме на заштитата на бебињата и малите деца од штетните ултравиолетови сончеви зраци. Родителите без сомнение треба да внимаваат околу заштитата, понекогаш не само на плажа, туку и при прошетка низ град или на планина. Секако мора да се следат правилата во однос на избегување на сонцето во одреден период на денот (бебињата и децата не треба да бидат на плажа во периодот од 11 до 16 часот, повеќе за ова на следниов линк), а додека се на плажа постојано да се мониторира дали се редовно намачкани со соодветно средство со SPF, да се запази ритамот на повторно мачкање и да се внимава дали треба нов слој после бањањето.
Малите имаат исклучително чувствителна кожа, доста се активни и постојано во движење, сакаат да играат покрај вода, затоа им е потребна прикладна заштита од УВ зраците. Се препорачува користење на млека, лосиони и спрејови наменети специјално за бебиња и деца со највисок заштитен фактор (најдобро SPF 50, минимум SPF 30), производи кои може да се најдат во програмата на повеќето козметички куќи како „Алкалоид“ и „Нивеа“. Овие прозиводи се хипоалергени, со што се намалува ризикот од алергиски реакции. За најмалите бирајте производи со природни состојки, без парабени и вештачки бои. Иако на повеќето заштитни креmи стои дека се високо водоотпорни, за секој случај повторете го нанесувањето после секоe излегување од вода.
Нема коментари