Модната куќа Версаче во колекцијата за есен-зима 2021/22 ги врати платформите во мода и го претстави моделот Medusa Aevitas, впечатливи чевли со сатенски финиш и висока платформа. Колку е голема и гломазна платформата покажува фактот дека чевлите се високи 9 сантиметри, од кои 6.5 сантиметри е само платформата. Ги има во разни бои (црна и јаки нијанси на црвена, жолта, циклама) и веќе се омилени кај стилските трендесетерки како Кјара Ферањи.
Брендот Зара која редовно дизајнира свои интерпретации на светските модни трендови предложени од луксзуните модни куќи, претстави модел кој потсетува на платформите на Версаче. Верзијата на Зара е во црвена боја, има нешто пониска палтаформа и со цена од 4.990 денари пак е далеку поевтина од моделот на Версаче.
Моделот Medusa Aevitas на Версаче се едни од најпопуларните обувки во моментов и веќе ги носат Бијонсе, Дуа Липа, Аријана Гранде, Флоренс Пју, Тамара Калиниќ, Емили Синдев…
Нема коментари