Иако се во тек летните попусти некои од брендовите нудат прв поглед на новите колекции, кај „Зара“ ѕирнавме една блуза која изгледа како да е парче висока мода. Црна е и има впечатливи волуменозни ракави кои кријат интересен момент – постава во внатрешниот дел во црвена и боја на циклама. Овој модел на „Зара“ може да се вметне во некој вечерен или свечен изглед кога се комбинира со црни панталони или здолниште, но може да се носи и со фармерки за да се постигне пононшалантен стил.
Нема коментари