Додека трае летната сезона и летните попусти, модниот бренд Зара ја претставува есенската колекција на линијата Studio, а во која главна тенденција се принтовите кои наликуваат на шари од марама. Од првиот поглед на колекцијата заклучуваме дека доминираат фустани и здолништа со овој принт, а употребени се полуксузни материјали како свила. Софистицираните модели кои се комбинација на различни шари и мотиви секако ќе ја разиграат вообичаената есенска гардероба.
Нема коментари