Модниот бренд Зара е подготвен за новогодишните празници и лансира колекција на елегантни црни стилови, мини фустани, креации со голи рамења и блескави парчиња со пулејки. Палетата на бoи содржи црни, црвени, розови и цветни нијанси. Клучните парчиња вклучуваат фустани со светки, здолништа, панталони и кошули, палта со машки крој, сако од кадифе, халтер-фустан со ракавици, блејзер во вид на наметка, сако-фустан, свечен накит и лимитирана колекција на маски. Сите овие стилови се наменети за свечени пригоди и новогодишни забави.
Нема коментари