Брендот Зара во пролетната колекција понуди полусандали со украсен детаљ во вид на брош со циркони, кои многу потсетуваат на омилените чевли на ликот Кери Бредшоу (Сара Џесика Парер) во серијата „Сексот и градот“. Имено, знаеме дека Кери во серијата негува посебна опсесија кон препознатливите чевли со циркони со потпис на Маноло Бланик.
Во верзијата на Зара има неколку модели во различни бои, со отворена пета, рамни, со високи или со kitten-потпетици. Овие модели на Зара читат 3.590 денари.
Нема коментари