Дилемата на повеќето жени што да облечат од понеделник до петок шпанскиот бренд „Зара“ ја разрешува со неколку комплетирани стајлинзи со модели од својата есенска колекција. Во кампањата „Од понеделник до петок“, снимена во урбана средина, дава неколку интересни и лесни комбинации за деловен изглед, во кој ќе се чувствивате поопуштено, инспирирано и моќно. Креациите се женствени, со крој позајмен од стандардната машка деловна облека. Направен е баланс меѓу класичниот и модерен бизнис-имиџ, со модели кои може да се носат повеќе сезони и во разни пригоди.
Покрај стандардните бела кошула, црни палталони, понудени се и сиви модели со каро шара. Овој дезен е застапен кај сега доста актуелните димензионирани палта, панталоните и фустаните припиени за телото. Овој принт го комбинира со бела кошула, кремаст мантил, црна ролка или наметка. Во текот на работната недела според „Зара“ може да носите костум во пателна боја (на пример сина) со црна кошула, комбиензон во стилот на 80-тите со подоткриени рамена, „шанел“ палтенце или капутче, копула со карнери и панталони со висока половина.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари