#СедиДома и #СмислувајСтајлинзи со #StylistMK
Софи, Таша, Малгосија, Гидре и Кара се некои од манекенките кои ја презентираат новата колекција на шпанскиот бренд „Зара“, но во време на светска криза со Ковид-19 кога е препорачано социјално дистанцирање, брендот ги замоли манекенките сами да се фотографираат дома за потребите на склопување каталог со новите креации. Модните фотосесии скоро е невозможно да се организираат периодов, особено во Шпанија која е доста погодена од коронавирусот. Во нормални услови на една локација би се собрале манекенки од разни страни на светот, потоа фотограф, стилист, шминкер, фризер, асистенти…, но тоа сега е невозможно. Затоа „Зара“ дојде на идеја манекенките сами да се фотографираат и тоа умешно го направија во разни соби од своите домови.
View this post on Instagram
High rise buttoned trousers and high neck shirt. Thank you #malgosiabela #zarawoman A post shared by ZARA Official (@zara) on
Нема коментари