Француската актерка и пејачка Шарлот Генсбур, ќерка на легендарните Серж Генсбур и Џејн Биркин, харзматична парижанка со ненаметлив стил, направи соработка со шпанскиот моден бренд Зара на колекција што содржи клучни модни парчиња во кои се спојуваат женственост, безвременост и мала доза на француски сексапил. Резултатот на соработката меѓу Зара и Шарлот е облека која го одразува модниот израз на актерката, но и облека во која може да се препознаат многу жени. Шарлот открива дека отсекогаш сакала да создаде мини колекција со парчиња што ги носи секој ден, како на пример фармерките, кои постојано ги носи и ги има во голем број. Креира два кроја на фармерки, а за да ја дополни колекцијата Генсбур создаде микро гардероба која точно одговара на начинот на кој таа се облекува во овој период – црн бралет-градник, два пара црни килоти, маичка со долги ракави, маичка со кратки ракави, маичка со тенки прерамки, џемпер, тексас кошула и тексас јакна. „Тоа е сè! Навистина вака се облекувам секој ден“, вели таа.
Нема коментари