Прв поглед на главната кампања на Зара за пролет-лето 2021 фотографирана од славниот Стивен Мајзел
Модниот бренд Зара нè води во една калифорниска пустина за да ни ги претстави клучните креации за претстојната сезона – лелеави и свиленкасти модели во неутрални бои позајмени од пустината, но и егзотични парчиња во интензивни нијанси на бордо, пурпурна, окер, црвена, тиркизна… Доминираат долги фустани, харемски панталони, комбинезони, широки блузи и турбани, а се чувсвува источната егзотика како во облеката, така и во стајлингот на кампањата.
Нема коментари