Иако е ноември бројните брендови веќе ни нудат облека и детали за претстојната празнична сезона, но и предлози за тоа како да го уредите домот и новогодишно-божиќната трпеза. Па така брендот Zara во линијата Zara Home ни открива како ја замислува новогодишната атмосфера во домот преку декоративни предмети, лампиони, сијалички, божиќни венци, свеќници, но и сервиси од чинии, чаши и прибор за јадење. Во каталогот на Zara Home најдовме и доста инспиративни идеи како да се украси масата за време на празничните честења и тоа во естетика која е многу блиска на нашиот животен стил. Доминираат традиционалните новогодишни бои црвена, златна и зелена, но има и предмети во бела, сребрен и сина нијанса. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари