Една прекрасна вила на островот Миконос во Грција се покажа како фантастична сценографија за претставување на летната кампања High Summer на Zara Home. Како што веќе знаете, модниот бренд Zara во својот подбренд Zara Home претставува мебел и предмети за уредување на домот. Во новата колекција има мебел кој одговара на летото и е наменет за отворени простори, потоа сламени кошници и дрвени послужавници, украсни перници во разни големини, предмети за уживање покрај базен и за јадење на отворено, а има и ленена постелнина, вазни и други декоративни парчиња, чаши и прибор за јадење со едноставне облик. Доминира белата боја и неутралната палета од кафени, сиви и загасито розови тонови.
Нема коментари