Zara Home, брендот за покуќнина на групацијата Индитекс, ја отвори првата продавница во Македонија во склоп на East Gate Mall
Дизјанирана да се чувствувате како да сте дошле дома, со повеќе од 550 метри квадратни продажен простор, новоотворената продавница на Zara Home ќе понуди различен простор отворен за истражување: дневна соба, кујна, спална и детска соба, бања и посебно катче за колекцијата на парфеми за дома. Прошетајте низ продавницата и дозволете вашата фантазија да ве води додека ги откривате разните соби, принтови, дезени и материјали на колекцијата на Zara Home. Посетата на продавницата се претвора во сензорно искуство изградено врз основа на забелешките од нашите купувачи за нивните шопинг желби. Се надеваме дека секој кој ќе ја посети оваа продавница пќе се чувствува како дома, каде слободно ќе може да го допре, види, почувствува и искуси универзумот на ZaraHome.
Како и во сите продавници на Zara Home, новата продавница ќе изложува две колекции годишно, пролет-лето и есен-зима, неколку капсулни колекции и нови модели двапати неделно. Оваа продавница предводник во Македонија ја следи полисата за еколошка одржливост на групацијата Индитекс.
За Zara Home
Zara Home е бренд за покуќнина на групацијата Индитекс. Неговите колекции црпат инспирација од најновите трендови на покуќнина вклучувајќи и постелнини, чаршави за маса и пешкири, мал и среден мебел, сервиси за јадење, прибор за кујна и чаши, како и други модели за покуќнина. Исто така, нуди и комплетен асортиман на облека за дома, како и линија на козметика и парфеми за домот. Секогаш меѓу првите во модата, Zara Home е препознатлива по квалитетот на своите производи. Овие две карактеристики се клучни фактори за проширувањето на Zara Home отткако прв пат беше отворена во 2003. Во моментов, Zara Home работи на 78 пазари со над 500 продавници.
Нема коментари