Ова е Zara Atelier, новата линија на популарниот бренд, која стартува со ексклузивна капсулна колекција на прекрасни капути кои личат како да се дел од високата мода. Првата колекција на Zara Atelier се фокусира на шест модели на капути со врвен дизајн и извонедна изработка.
Зара формира посебен тим кој двапати годишно ќе претставува две лимитирани колекции на линијата Atelier, а кои ќе се фокусираат на реинтерпретација на базичните парчиња од женската гардероба на поуметнички, поинаков и пософистициран начин.
Зара предлага раскош и за дневни и ноќни изгледи, а тоа го прави со овие спектакуларни палта со орнаменти, везови и пердуви. Овие впечатливи капути чинат 299 евра, а се достапни на интернет продавницата и во физичките продавници ширум светот.
Нема коментари