Со пониски цени и целна група од девојки и момчиња до 21 години, и тие што се чувствуваат како тинејџери, сестринскиот бренд на „Зара“, нечерен „Лефтис“ (Lefties) со нов имиџ ја промовира новата колекција. Оваа етикета се појави на пазарот за да ја покрие клиентелата која „Зара“ постепено ја губи заради кризата – а тоа се невработените, младите и тие со ниски примања. Моделите се слични како тие на „Зара“, но со покежуал нота и секако, многу пониска цена. Сопственикот на шпанските брендови, Inditex, го основа „Лефтис“ како одговор на конкуренцијата, која на пазарот нуди модели за тинејџери и прифатливи цени.
„Лефтис“ постои од 1993 година, а долго служеше како аутлет на „Зара“ (која е оснoвана во 1974 година). Името доаѓа од збоот leftovers (остатоци), што се поклопува и со содржината што ја нуди – останати модели од поголемата сестра-фирма. Но со тек на време брендот почна да продуцира свои колекции, а од крајот на 2013 година се ребрендира и сега повеќе наликува на H&M, отколку не некои од нискобуџетните куќи. Во новиот имиџ влегува и создавање на нов препознатлив изглед и соодветно дизајнирани продавници. Засега продавниците се ширум Шпанија.
Нема коментари