Познатиот француски дизајнер Жан Пој Готје викендов беше гостин на 18. Меѓунродна модна смотра во Котор, Црна Гора и претстави свои креации на модна ревија на проштадот пред катедралата Сб. Трипун. После ревијата на која беа прикажани екстравагантни модели од колекцијата на висока мода за пролет 2015, Готје изјави дека креира за сите жени од светот. Дизајнерот на прес конференцијата што се одржа во хотелот „Вардар“ исто така кажа дека модата за него не претставува уметност, туку убава професија, повеќе е занает кој спојува антика со модерно, но и рефлексија на она што се случува околу нас, одраз на општеството и културата.
Нема коментари