Њујоршкиот дизајнер Зак Позен ја промовира својата нова линија на раскошен и модерен накит, по поволна цена. Станува збор за пет парчиња, меѓу кои и големи обетки, масивен ѓердан и шик украс за коса, сите со комбинација на бели и црни кристали. Моделите може да се носат во комбинација со свечена тоалета, на забави, коктели, но исто така може да бидат и совршениот избор за вашиот венчален изглед. Моделите чинат од 45 долари. Креаторот ја почнаа оваа годна со повеќе новини. Пред колекцијата на накит ја направи и својата прва линија на венчаници. Колекцијата наречена Truly Zac Posen екслузивно се најде во продавниците на модниот гигант David’s Bridal минатиот месец.
Нема коментари