Неколку познати архитекти и дизајнери креираа скулптурални чевли за брендот United Nude направено коплетно на 3Д-принтер. Основачот на брендот Рем Д. Колхас, инаку внук на славниот холандски архитект Рем Колхас, ги ангажираше архитектите Заха Хадид, Бен ван Беркел и Фернандо Ромеро, и дизајнерите Рос Лавгроув и Мајкл Јанг да креираат женски чевли комлетно наравени на 3Д-принтер. Идејата на Колхас е да се поттикне употребата на технологијата во дизајнот и да се создадат впечатливи парчиња кои нужно не се наменети за секојдневна употреба, но претставуваат убави парчиња кои го допираат и полето на уметноста. За секој пар чевли биле потребни 24 часа печатење, користен е принтерот sPro 60 со технологија на селективно ласерско синтерување на компанијата 3D Systems. Соработката на брендот United Nude и на 3D Systems ќе биде претставена на Неделата на дизајнот во Милано.
Нема коментари