Фасцинацијата на милениумската генерација со пудресто розовата оваа година ќе биде заменета со нова нијанса од спeктарот на бајковити бои: лаванда виолетовата. Розовата, која во модниот свет е позната и како „милениум розова“ или „миленијал пинк“ се среќаваше насекаде, од парчиња облека, модни додатоци, фарба за коса, маски за мобилни телефони, парчиња мебел и друго. Полека се напушта нејзината застапеност, и сеприсутни стануваат и посветлите тонови на виолетовата. На ова се надополнува и годинашната одлука на институтот за бои Pantone, кој објави дека Ultra Violet, односно пурпурнo виолетова е боја на 2018. Во колекциите на големите модни куќи, а следствено и на хајстрит брендовите, провејува оваа нијанса. Лавандата, исто како и „милениум розовата“ отвора нови можности и идеи за комбинации, од класичните црна и бела, преку смирени верзии со пастелни тонови на сина, жолта, крем и зелена, па сè до впечатливи црвена, сина, портокалова или неонски бои. Ви претставуваме низа инспиративни комбинации каде што носечка е ливанда виолетовата нијанса.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари