Главниот настан на овогодинешната модна изложба во њујоршкиот музеј Метрополитен е вечерниот гала бал, познат како Мет Гала, но забавите веќе почнаа. Темата на изложбата е Кина (China: Through the Looking Glass), па Vogue вчера организира забава во ресторанот Nom Wah Tea Parlour на улицата Дојерс, во која своевремено бил отворен првиот театар во Њујорк на кинески јазик. За да се доближат до темата на модната изложба, гостите беа облечени во стилови кои асоцираат на кинеска облека.
Музејот Метрополитен, магазинот Vogue и домаќинката на настанот, уредничката Ана Винтур, во пресрет на гламурозниот настан најавија дека на познатите лучности и останатите гости им е строго забрането фотографирање и снимање видеа со мобилен телефон за време на свечената вечера и нивно споделување на социјалните мрежи. Новите правила се со цел да им се обезбеди приватност и релаксираност на присутните. Дозволено е фотографирање само на црвениот килим пред настанот.
Токму црвениот килим е она што предизвикува огромно внимание секоја година и се смета за најзначаен моден настан на кој се појавуваат познати холивудски ѕвезди, модни дизајнери, манекенки, уредници, но и личности од високото општество.
Нема коментари