Гвинет Палтроу и нејзиниот лајфастајл портал Goop веќе традиционално организараат забави во елитниот Хемптонс, ова лето се здружија со Net-a-Porter и приредија елегантна вечеринка на приватен имот, полна со вкусна храна, прекрасен декор и познати личности како гости. Забавата се одржа на отворено и беше во чест на експанзија на интернетската продажба на Goop и новиот сервис на Net-a-Porter кој преку лето нуди достава истиот ден по нарачката за оние што летуваат во екслузивниот Хемптонс. Палтроу можеби често е напаѓана поради претенциозниот концепт на Goop, но знае како да организира забава во градина – рустикални маси прекриени со ленени чаршафи, нежни цветов во сина и бела боја, винтиџ сребрени прстени за салфети, музика во живо со хармоника и контрабас, дружење и забавување од доцна напладне до навечер. Од храна беше послужена салата со домати, зелени листови и грилована рикота, потоа специјалитети од риба, пилешко, летен зеленчук како додаток и пире од грашок, потоа десерти на база на боровинки и лимонов крем. Гостите пиеја розе шампањ, бело и црно вино и летни коктели. Покрај Гвинет и Сара Ратсон од Net-a-Porter како домаќинки, на забавата присуствуваа мајката на Гвинет, Блајт Денер, потоа Моли Симс, дизајнерката Синтија Роули и Џесика Сајнфелд.
Нема коментари