Еден модел на чевли на можеби не толку познат бренд толку брзо се распродадени онлајн што веќе има долга листа на чекање за следната пратка. Едноставни и удобни, идеални за дневни прилики и за на работа, на средно висока блок-потпетица и во пет бои, чевлите на американскиот бренд Everlane се едни од најбараните сезонава. Наречени The Day Heel, овие дневни удобни чевли деновиве треба да бидат испорачани на илјадници адреси, а веќе има листа од преку 20.000 нарачки за следната тура.
Everlane за овие чевли инспирирани од балетанките вели дека конечно тоа се потпетиците во кои може да го поминете цел ден без да ве болат нозете. Брендот и минатата година имаш хит модел на чевли – The Modern Loafer, очигледно обожавателките беа задоволни од мокасинките, сега сакаат да го носат и овој модел.
Нема коментари