По заминувањето на Хеди Слиман и назначувањето на Ентони Вакарело за нов креативен директор, прв, смел и доста дискутабилен чекор на париската модна куќа „Ив Сен Лоран“ е што ја избриша историјата од својот официјален Инстаграм профил. Всушност, избришано е сè што е поврзано со работата на дизајнерот Слиман и во моментов на Инстаграм стои само фотографија од Вакарело со информација за неговиот ангажман во куќата. Јавна тајна е дека Слиман и групацијата „Керинг“ која го менаџира брендот имаа чести судири, иако неговите колекции за YSL се успешни и се продаваат. Голема замерка Слиман имаше и за ребрендирањето на името на модната куќа од Yves Saint Laurent во Saint Laurent Paris. Во последните месеци веќе беше јасно дека дизајнерот ќе си замине, сепак неочекуван е новиот чекор на куќата која како да сака да избрише сè што се поврзано со Слиман. Но нејасно е зошто е избришана историјата само од Инстаграм, додека не и на нивниот вебсајт, Фејсбук и Твитер. Реагираа и фановите, некои со хумор, други со негодување, но е едно е сигурно – сето ова е реакција на лошо раскинување.
Нема коментари