Следејќи го трендот на боенки за возрасни како ефектна стрес-терапија, ако сакате ваква смирувачка терапија набавете си на Amazon боенка со модата на големиот француски дизајнер Ив Сен Лоран. Книгата содржи 48 цртежи за боење кои се базирани на оригинални скици на Сен Лоран. Покрај цртежите има и фотографии од оригиналните креации како дополнителна референца за боите, како и информативни текстови за одредени модни фази и препознатливи стилови на дизајнерот како Мондријан-фустанот, шпанската колекција, моделите инспирирани од руски балет, Мароко, од сликите на Матис и Пикасо. Боенката е забавна, релаксирачка и модно-едукативна.
Нема коментари