Во мултибренд продавницата Fashion&Friends во „Скопје сити мол“ пристигнаа новите колекции на брендовите Wrangler и Lee, брендови кои отсега може да се најдат на ова место. И двата бренда се базираат на џинс философијата и на активниот живот и полежерниот стил.
Движете се со стил со спортската колекција на Wrangler Active Ready за пролет-лето 2016
Легендарниот американски бренд Wrangler ја претставува новата колекција за пролет-лето 2016, инспирирана од спортот и активниот живот, линија создадена од удобни џинс кои ñ дозволуваат на кожата да дише, а воедно во кои ќе изгледате одлично и ќе можете да бидете активни со стил.
Лидери во џинс иновацијата, колекцијата Active Ready на Wrangler е опремена со широк опсег на jog-џинс кои имаат визуелен приказ на тексас, но всушност се сошиени од иновативна текстилна технологија за да се зголеми удобноста и овозможи движењето. Супер-лежерни, а воедно стилски, jog-џинсот на Wrangler од еластичен тексас и ластик на половината, класичен петџебен стил, доаѓа во различни нијанси на избледувања.
Во активната линија се вклучени лесни сезонски фармерки дизајнирани со Coolmax® технологија, преку која се користат материјали инспирирани од спортската технологија. Овие ткаенини се отпорни на потење и овозможуваат брзо сушење, така што без разлика на високата температура, оние кои ги носат фармерките ќе изгледаат одлично и ќе останат свежи. Клучните џинс парчиња за мажи ги вклучуваат модерните slim Bostin фармерки и регуларните Colton фармерки со тесни ногавици.
Враќајќи ја во живот филозофијата на Wrangler – „роден подготвен“, колекцијата за пролет-лето 2016 е дизајнирана за да им овозможи слобода и флексибилност на оние кои ги носат парчињата, да можат да преминат од градот во природа, од работа кон авантура, без разлика дали тоа е враќање со велосипед од работа накај дома или пак прошетка за ручек на летното сонце. Со совршеното комбинирање на модата и функционалноста, Wrangler фановите можат да бидат сигурни дека се подготвени за сите сезонски авантури.
Wrangler брендот е лансиран во 1947 година, базиран на иновативна програма: да се создадат најдобите џинс за каубојците. Денес Wrangler продолжува да создава џинс на најдобриот можен начин, но за потребите на модерниот потрошувач. Изгледајте добро, работете напорно: водечкиот принцип на секое дизајнирано парче на брендот, кое има за цел да направи да се чувствувате како да сте родени подготвени – подготвени за било што ќе ви се најде на патот. Комбинирајќи ја модатата и функционалноста, колекцијата е создадена и приспособена на барањата на потрошувачите, полна со енергија и иновативни детали. Wrangler го забрзува процесот на развој на фармерките со пионерски иницијативи: џинс кој ве одржува суви на дождливото време, топли во студените денови.
Wrangler е основач на џинс парчињата и основоположник на тексас перфомансите. Извонредното тексас наследство на Wrangler се развива во стилски, функционални џинс парчиња со легендарни и оригинални детали, вклучувајќи ги бакарните нитни и ергономските џебови за часовник. Дизајнерски парчиња кои остануваат запаметени како 27MW кошули и 11MJ јакни се сакани од страна на џинс познавачите и модните фанатици. Ткаенините со дијагонални пруги, долготрајни и меки материјали кои Wrangler ги измисли во 1964 година, остануваат столб на многу тексас парчиња. Wrangler е дел од VF корпорацијата, најголемиот светски производител на облека. VF компанијата ги вклучува брендовите Lee, North Face, 7 For All Mankind, Vans и Timberland.
Lee® машка колекција за пролет-лето 2016
Lee® презентира весела, модерна машка колекција за пролет-лето 2016 со избледени материјали, дезени и весели принтови. Легендарните Lee парчиња се обновени со нови бои – од палмино-зелена и небесно сина до црвена како зајдисонце, аплицирани на суптилно структурирани материјали, создадени за модерни времиња.
Lee® Luke се фит фармерки со стеснети ногавици, а Daren и Malone се регуларни, рамни фармерки со остар „скини“ крој. Arvin – лансирани минатата сезона, се релаксирана верзија на регуларните џинс, а исто така има голем избор на куси петџебни панталони, „школски“ чино панталони кои се фит и издржливи, во различни бои и текстури. Деталите во целата колекција се инспирирани од војничките елементи, кои вклучуваат ластик на половината на опуштените jog-џинс со дополнителни џебови и прилагодувачи на теренските, широки панталони.
Lee® се потпира на неговите вештини и знаења за дизајн за да додаде три исклучителни тексас фармерки – црни, сини и бели – серија на различни нијансирани и избледени џинс кои се издојуваат со историскиот начин на кроење на брендот. Финеси како ефекти на различен интензитет на носени или неносени фармерки, имаат ресести детали, искинати или закрпени парчиња. Новиот тренд на нијансирање, инспириран од 80-тите години – moonwash е изречен во темно сиви и модро сини тексас тонови комбиниран со чист, беспрекорен изглед. Другите уникатни ткаенини се со детали на рибина коска и ситни карирани дезени и риги.
Овој летен, енергичен дизајн се пренесува во обновените Lee® тексас кошули за пролет-лето ‘16 во огромна серија на различни нијанси и стилови. Маичките се од високо квалитетни материјали. Беспрекорно сошиена во колекцијата е Lee® моторџиската јакна со храбра палета на бои.
Со вистински иновации во дизајнот, вешти џинс финеси, смели бои и принтови, нови исклучителни материјали со префинета структура, Lee мажите за пролет-лето 2016 може да се сметаат за подготвени за летната сезона, полни со самодоверба.
Lee® женска колекција за пролет-лето 2016
Свежото размислување и самоувереност е пренесена преку светлите и храбри бои – Lee® женската пролет-лето 2016 колекција се движи околу новите прилагодени кроеви, новите структурирани материјали и вистински џинс иновации. „Валкано розова“, светло жолта, светли небесни нијанси и vintage војничко-зелена се комбинираат со темни и богати тонови, а се вклучени и влијанија на војничкиот стил, шириоки шик ногавици кои се дизајнирани за да го слават личниот стил на оној кој ги носи парчињата.
Легендарните Lee® кроеви – skinny, slim и straight, се враќаат заедно со широките и ѕвонести ногавици, како и со нови сезонски изненадувања. Scarlett – ултимативните петџебни скини џинс се преработени со нов еластичен раб, а Toxey – супер-скини фармерките имаат привлечен, краток крој со патенти кои се искористени како главен детаљ. Skyler и Emlyn фармерките со висок струк, имаат модерен и рамен фит.
Нов модел за оваа сезона се Auberry фармерките, со кратки широки ногавици, инспирирани од современите улични модни икони. Слични на нив, други модели на широки панталони се Annetta – модерните ѕвонарки, Joliet привлечни панталони до глужд и Sallie – boyfriend џинс.
Секој горен дел, кошула, маица е надградена во формата и дизајнот, со интересни избледувања и нови oversized кроеви. Деталите во колекцијата се прекрасно пренесени преку вметнувањето на елементи инспирирани од работниците, како и користењето на исклучителни материјали со префинети структури. Возбудливите форми се присутни на тесните Lee® Bib фустани од црн тексас, лежерните шорцеви и „пин-ап“ куси панталони. Џогер-џинс од вешто скроен тексас, со тесни ногавици и ластик на половината, придонесуваат за префинет, спортско-луксузен изглед.
Ова е шарена, летна и весела колекција со вистински џинс интегритет, иновативен дизајн и шик, безгрижен дух.
Lee® е автентичен американски џинс бренд силно вкоренет во наследството на работничката облека. Познат по безбројните иновации во џинс светот, Lee® ги создаде првите комбинизони во 1911 година, ги измисли фармерките со патенти, како и првата тенка џинс јакна. Изработката, квалитетот и услугата отсекогаш биле клучните елементи зад кои стои брендот, уште од 1889 година кога основачот Хенри Дејвид Ли ги утврдил овие вредности кои ја сочинуваат суштината на брендот Lee®. Во последните 125 години, Lee® стои цврсто зад изработката и квалитетот, доставувајќи супериорни кроеви со одлични материјали и едноставни, но специјални дизајни.
Нема коментари