Моќно и самоуверено, со многу шарм, женственост и грациозност израелската актерка Гал Гадот зачекори на црвениот килим на премиерата на филмот Wonder Woman, носејќи на нозете златни ниски апостолки. Овие чекори во модел од Aldo кој чини 50 долари, означија нова ера и нов тренд на црвениот килим. Иако не е новина ѕвездите да се појават со рамни обувки на големи настани сепак, ретко која актерка се осмелила да носи ниски чевли на најголема премиера во својата кариера. И не само таа вечер. За време на целата прес-кампања за новиот суперхеројски филм, што вклучуваше и гостување кај Џими Фелон и Good Morning America, Гадот избра да носи рамни чевли: балетанки, сандали, патики, еспадрили…
На војот профил на Инстаграм непосредно пред почеток на промоциите објави дека го повредила грбот, но тоа не значело дека не смее да носи високи потпетици. Едноставно, таа одлучила да се чувствува удобно за време на овие големи моменти во нејзиниот професинален живот. Овој нејзин потег беше пофален од модните критичари и од нејзините фанови на социјалните мрежи.
-Патем, можам да носам потпетици, не дека сум спречена поради повредата на мојот грб. Едноставо си реков, ајде да одиме до крај, да носам ниско цело време. Чекав на овој момент цел вој живот…Плус добро е за мојот грб и во нив се чувствувам удобно! Ова е најголемата премиера во мојот живот. …Тоа не нешто што го говорам со години -дека сакам да наметнам тренд за појавување на црвениот килим со рамни чевли…Инаку, обожувам високи потпетици-мислам дека се убави, секси…и што да е. Но истовремено , тие ве оставаат без рамнотежа и може да паднеме секој момент. Тоа не е добро за нашиот грб, па зошто го правиме тоа?-изјави актерката.
Триесет и двегодишнната Гадот, која во март ја роди својата втора ќерка, е мажена со израелскиот инвеститор на недвижнини, Јарон Версано. Во нејзината биографија стои дека била Мис на Израел во 2004 година и дека служела две години како војник во одбрамбените сили на својата земја. Кратко пред да почне да се занимава со манекенство и глума тргнала на студии по право на IDC Herzliya. Улогата на Принцезата Дијана позната како Wonder Woman е нејзино прво поголемо холивудско остварување. Претходно играше во франшизата Fast & Furious, а имаше мали улоги во Date Night, Knight and Day Triple 9, Criminal и Keeping Up with the Joneses. Како Wonder Woman првпат се појавува во Batman v Superman: Dawn of Justice минатата година.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари