Еден од најзначајните настани во светскиот моден календар е годишната изложба во Институтот за костими при њујоршкиот музеј Метрополите, која вообичаено се отвора со гала вечера на која присуствуваат видни личности од модата, музиката, филмот и уметноста. Оваа година Институтот ја отвора изложбата Charles James: Beyond Fashion (Чарлс Џејмс: Над модата), посветена на првиот американски кутуриер, а согласно темата избран е и дрескодот за гала настанот – White tie and Decoration. Ова значи дека мажите треба да бидат облечени црни фракови, бели елеци и бели пеперутка-вратоврски, а жените во вечерни тоалети, што е во склад со елегантните и раскошни фустани што Џејмс ги креираше во 40-тите и 50-тите години од минатиот век. Изложбата ќе биде отворена на 8 мај, а неколку дена претходно ќе се одржи настанот Мет Гала.
Нема коментари