Линија за девојки и жени со облини Violeta на шпанскиот моден бренд „Манго“ го промовира вториот дел од дигиталната кампања #WeAreVioleta. Во проектот „Ние сме Виолета“ како модели се појавуваат три инспиративни дами: Роси де Палма, Барби Фереира и Тања Лејсера.Тие ги носат креациите од линијата за пролет-лето 2017 прилагодено на нивниот стил, покажувајќи дека убавината може да има поралична форма и стил од стереотипите наметнати во модната индустрија. Кампањата нè поттикнува да ја прифатиме различноста, во сите свои форми и стил. Во проектот се наведува дека најважно е да се има самодоверба.
Нема коментари