„Виор на лудa моднa естетика спакуванo во една концептуална приказна. Од една страна, тоа е приказна за насилство, убиство и суровост, но во исто време има убавина, сензуалнoст и заведување во текот на развојот на приказната“.
Со овие зборови младиот талентиран фотограф Виктор Наумовски ја раскажува приказната за својот нов фото-проект наречен We All Had Better Days (Сите сме имале подобри денови), кој викендов премиерно го претстави на својата веб-страница www.viktornaumovski.com.
Наумовски, кој студира фотографија на Royal Academy of Art, во Хаг, Холандија, на оваа фото-приказна работеше изминативе неколку месеци. Тој се јавува како фотограф и режисер на проектот. Костимите ги дизајнира Ивана Кнез (Drama Studio), а за шминката и фризурата се погрижи Васе Доковски.
Инспирација за проектот на Виктор му бил филмот „Бронсон“ со Том Харди во главна улога, а во режија на Николас Виндинг Рефн.
-Имајќи го Чарлс Бронсон на ум, се обидував да создадам лик кој на крај испадна да биде многу сензуална девојка. Со помош на некои од најпочитуваните професионалци во модниот свет во Македонија, создадовме приказна за насилство, убиство и бруталност, но во исто време има убавина, возбуда и заведување. Секогаш наоѓам врска помеѓу сексот и бруталноста, меѓу убиството и романсата- кои ми се интригантни. Тие ми послужија како основа во развивање на приказната-вели тој.
Во продолжение ви ги претставуваме фотографиите од едиторијалот We All Had Better Days.
(А.Н.)
Нема коментари