Во летните месеци се освежуваме и сладиме со лубеница, која содржи 92% вода, калиум, магнезиум, фосфор и други корисни витамини и состојки. Ја јадеме, правиме сок од неа, можеме да ја ставиме во смуди, но еве и рецепти за два супер летни коктели со лубеница.
САНГРИЈА СО ЛУБЕНИЦА
Лубеница
Бело суво вино
Вотка
Triple sec
Лимета
Портокал
Боровница
Во блендер измиксајте девет шолји лубеница исечена коцки, потоа исцедете го сокот од лубеница и ставете го во голем стаклен бокал. Додадете едно шише бело вино, една шолја вотка, малку triple sec, потоа неколку кришки лимета и портокал, шака боровници и една шолја ледена лубеница пресечена на коцки. Се препорачува пијалокот да се остави во фрижидер да се лади четири часа.
МОХИТО СО ЛУБЕНИЦА
Лубеница
Нане
Сок од лимета
Бел рум
Мраз
Сода
Изблендајте ја лубеницата и исцедете ја. Истурете го добиениот сок во коктел чаша, ставете неколку лисја од нане на дното и промешајте. Потоа додадете сок од лимета, рум, мраз и сода (минерална вода). По желба, украсете го пијалокот со лисја нане или парче лубеница и лимета.
Нема коментари