Коктелот Маргарита на база на текила е распространет насекаде низ светот и веќе има култен статус, но време е да пробате нова розова верзија со омиленото летно овошје – лубеницата. Рецепти за овој Watermelon Margarita коктел ќе најдете на Интернет, најчесто на Пинтерест, а за да го поготвите потребни ви се само три главни состојки: лубеница, текила и лимета.
Еве еден рецепт и количината на состојки потребни за двајца:
-две мали чаши текила
-300 мл сок од лубеница
-30 мл сок од лимета
Лубеницата се сече на парчиња кои се ставаат во блендер и се миксаат додека не се добие густ сок. Потоа овој сок во коктел-шејкер се меша заедно со сокот од лимета и текилата, додадете коцки мраз и убаво протресете го шејкерот. Доколку сакате коктелот да биде поблаг, додате повеќе лубеница, ако преферирате покисел вкус, ставете повеќе лимета. Се служи како класичен Маргарита коктел – работ на чашата намачкајте го со лимета, извалкајте го работ во сол, потоа ставете го коктелот и украсете со парченца лубеница или кришка лимета.
Нема коментари