Најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил- Health, Fitness & Wellness Expo по втор пат ќе се одржи од 23 до 25 септември во Хотел Александар Палас, Скопје.
И оваа година публиката ќе има можност на едно место да се информира за најновите типови на програми за вежбање, да дегустира и припрема вкусна, здрава и органска храна, да испроба голем број на спортски и фитнес активности, да проба разни третмани, масажи, природна органска козметика, суплементација, како и да добие совети за подобро здравје од врвни специјалисти и при тоа – максимално да се забавува. Над 50 учесници од областа на здравјето, фитнесот и велнесот на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања, како и богата интерактивна и едукативна програма со преку 30 работилници, тренинзи, настапи и предавања.
Оваа година настанот е збогатен и со Kids Corner, катче специјално наменето за најмладите, каде секојдневно ќе има пет часовна програма со разни работилници, како за подобрување на моторичките вештини, така и за поттикнување на здрави навики од најмлада возраст, но и разни едукативни активности. Секогаш во чекор со светските трендови и новитети, за прв пат во Македонија ќе имаме прилика овозможена од Спорт Инн центарот, да видиме што е Slackline. Настанот на 23.09.2016 од 17:30 часот во Хотел Александар Палас ќе го отвори Карлос Мерајо Гарсија, кој е трократен првак на Шпанија во slackline и е рангиран во топ 10 те во Светот.
-Водени од идејата дека здравиот животен стил не познава граници, го креиравме овој настан со цел да понудиме квалитетна содржина и да ги анимираме од најмладите до највозрасните посетители, без разлика дали професионалци или рекреативци и ентузијасти, настанот е наменет буквално секој кој се води по мотото “во здраво тело – здрав дух” и се грижи за своето здравје и благосостојба-велат организаторите.
Нема коментари