По успешното ланско издание, тимот на некогашната концептуална продавница „Лудус“, кој сега функционира како моден бренд, организира втор Super Design Pop-Up Store, што ќе се одржи на 9 и 10 мај во галеријата во Младинскиот културен центар – Скопје. Со работно време од 12 до 22 часот, галерискиот простор ќе биде пренаменет за продажба на креациите на 20-тина македонски дизајнери на облека, накит, додатоци и подароци.
На настанот ќе учествуваат повеќе кретивци и брендови меѓу кои се: „Лудус“, „Линија“, Mikka Design, Елена Спасовска, Андреј Бартлинг, Калина Брајковска, Acidwear Girls, „Гоблен“, „Мунус“, „ Куфер“, Билјана Каровска, Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska, Нела Тодоровска, „Ле бренд“, Ани Соро, Hard to Explain, Јелкица Поповска и други.
Организаторот најавува дека оваа година програмата ќе биде покомплексна, со дизајн на храна, музика и мебел… Разновидната понуда од неколку стотина дизајнерски производи од квалитативно и концепциски различни македонски дизајнери има за цел да направи вистински пресек на македонската модна сцена и директно да го поврзе македонскиот моден производ со конзументите.
Нема коментари