Моментно најуспешната македонска манекенка со интернационални ангажмани Елена Реи периодов престојува и работи со Сеул, Јужна Кореја, каде што направи неколку нови фотосесии. Едната се појави во јулскиот број на Galleria, магазинот што го издава истоимената луксузна стоковна куќа од Сеул. Во едиторијалот наречен Hot Summer Елена позира во летни комбинации со модни парчиња од Louis Vuitton, Bibma Y Lola, Hermes, Gucci, All Saints, Sandro, Chanel… Модните комбинации се погодни за летување, ги избра модниот уредник Seo Ji-hyun, а фотографиите се дело на Kim Hyuk.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари