Пред две децении во ерата на гранџ модата една тенденција беше многу актуелна – фустан со рамен крој и тенки бретели (таканаречен слип-фустан) во комбинација со бела маичка одоздола. Од гранџ модата премина во меинстрим тренд, па се сеќаваме на Алиша Силверстоун во сцени од Clueless, Џенифер Анистон во времето на серијата „Пријатели“, Винона Рајдер или Дру Баримур на настани во ваква комбинација. Денес слип-фустанот со маичка го носат Леандра Медин, Кендал Џенер, Ријана, кои носат нова интерпретација микс на хип-хоп/рокенрол/гламур/ гранџ стил, а се среќава и во колекциите на познатите модни брендови, како на пример Courreges и N°21.
Доколку сакате да го примените овој стил, еве неколку совети: маицата не треба да биде ни премногу тесна, ни широка. Бирајте фустан со слободен пад, од свиленкасти и сатенски материјали, може да има детали од тантела. Најдобро е да е еднобоен, најхит се фустан во црна или пудресто розова како што носат Кендал и Ријана, но може да има и принт. За потрендовски изглед инспирирајте се од ѕвездите на уличната мода кои на оваа комбинација додаваат и фармерки. Оваа тенденција може да продолжите наесен, кога наместо маица со кратки ракави ќе облечете блуза со долги ракави или тесна ролка.
Нема коментари