Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Карла Бруни и Хелена Кристенсен, оригиналните супермодели од 90-тите, ја затворија ревијата на модната куќа „Версаче“ за колекцијата пролет-лето 2018 облечени во златни фустани. Златните девојки на модата се појавија на вчерашната ревија во рамките на Миланската модна недела, со што му оддадоа почит на дизајнерот Џани Версаче на 20-годишницата од неговата трагична смрт.
Појавувањето на Наоми, Синди, Клаудија, Кала и Хелена на ревијата на „Версаче“ нè потсети на една постара ревија на Џани Версаче кога во финалето ги испрати на писта тогашните актуелни манекенки со звуците на Freedom на Џорџ Мајкл, креирајќи го митот за супермоделите. Дваесет и шест години подоцна овие манекенки сè уште изгледаа спектакуларно додека ги носеа креации на Версаче, дел од колекцијата која изобилуваше со цитати и рефенци на облеката што самиот Џани ја креираше. Иако се во своите 40-ти 50-ти години, супермоделите со својата појава за момент ги засенија манекенките од поновите генерации, како Дуцен Крос, Наташа Поли, сестрите Бела и Џиџи Хадид, како и Каја Гербер, новата надежна моделка и ќерка на Синди Крафорд.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари