Се сеќавате на кусите шишки во 90-тите на Винона Рајдер, Гвен Стефани и на Матилда (Натали Портман во филмот „Леон Професионалецот“), како и на актерката Калиста Флокхарт и Амели Пулен (Одри Тоту) од почетокот на 2000-тите? Овој симпатичен стил се враќа во тренд. И тоа (за промена), не благодарение на уличната мода и трендсестерите од блогосферата, туку по „директива“ од модните писти. Стајлинзите на ревиите за есен-зима 2016/17 на Bottega Veneta, Александар Ванг и Роберто Кавали беа заокружени токму со овој ретро-изглед. Ваков имиџ може да се забележи и кај актерката Мишел Вилијамс.
Нема коментари