Британското издание на Vogue ја посети познатата блогерка Сузана Лау во нејзиниот дом во Лондон, не само да ги открие тајните на гардероберот на една од највлијателните блогерки, туку и да добие конкретна претстава како таа се подготвува за ревиите на Лондонската модна недела. Сузана препознатлива и како Сузи Бабл по името на својот блог Susie Bubble, раскажува што планира да носи, како се пакува, кои ревии ќе ги посети, а открива дека очилата имаат голема улога во модните комбинации и што носи во чантата кога оди на ревија.
Нема коментари