Новата генерација на аерикански модели кои ја менуваат индустријата е темата на септемврскиот броја на американски Vogue. Најважната насловна во годината е токму оваа за септември, а познатото модно списание после повеќегодишна критика дека не e инклузивно и разновидно, заедно со главната уреднича Ана Винтур прави промени. И на двојната прва страница стави осум модели кои го илустрираат диверзитот во модата: познатите супермодели Бела Хадид и Каја Гербер, Анок Јаи е манекенка која во САД дошла како бегалка од Судан, Јуми Ну и Прешс Ли се плус-сајс модели, Шери Ши има азиско потекло, Ариел Николсон е транс-моделка, а Лурдес Леон е ќерката на Мадона која повремено снима модни кампањи. Разниводноста е и во однос на етничкото потекло – Бела по таткова линија се идентифицира како Палестинка, Лурдес е Латина поради кубанското наследсво на татко ѝ, Јуми и Шери се со азиско, а Анок со африканско потекло. Но сите се американски модели, родени или живеат во САД, колективно претставувајќи го она што сега може да се нарече модерното лице на американската убавина.
Нема коментари