Француското издание на Vogue слави 95-годишнина со четири насловни страници на кои се најдоа четири манекенки од различкни генерации – Кристи Тарлингтон, Жизел Бундшен, Кејт Мос и Кендал Џенер. Секоја од нив остави одреден печат во модната индустрија, а фотографиите ги потпишуваат Инез и Винод, Мерт и Маркус, Дејвид Симс и Марио Тестино. Овие насловни се однесуваат на октомврискиот број кој се најавува како Collectors Issue, а магазинот јубилејот ќе го прослави и со забава на 3 октомври, додека трае Париската модна недела.
Нема коментари