„Во времиња како овие, веруваме дека „тивка“ насловна страница кажува многу повеќе од кој било збор или слика“, вели Фердинандо Вердери, креативниот директор на италијанското издание на Vogue, објаснувајќи ја белата насловна на апрлискиот број на модното списание
Овој петок на киосците во Италија ќе се појави априлскиот број на магазинот Vogue, а насловната страница ќе биде – обична бела боја.
Оваа необична, но многу значајна одлука, на својот Инстаграм профил ја објасни уредникот на италијанското издание на Vogue, Емануелe Фарнети.
„Во својата долга историја што трае повеќе од сто години, Vogue помина низ војни, кризи, терористички напади. Неговата благородна традиција е никогаш да не ја сврти главата на другата страна. Пред само две седмици, планиравме да испечатиме издание што го планиравме подолго време, заедно со списанието L’Uomo Vogue, како заеднички проект.
Но, да зборуваме за сè друго – сега кога луѓето умираат, лекарите и медицинските сестри ги ризикуваат нивните животи и светот засекогаш се менува – не е во ДНК-то на Vogue Italia. Имајќи го тоа предвид, го ставивме нашиот проект во фиока и почнавме одново.
Одлуката да објавиме комплетно бело корица за прв пат во историјата, не е донесена затоа што нема фотографии што би можеле да ги објавиме, туку сосема спротивно – ја избравме белата бидејќи таа означува многу работи во исто време.
Белата е пред сè е почит.
Белата е повторното раѓање, светлината после темнината, збир на сите други бои.
Белата е бојата на униформите што ги носат оние кои ризикуваат животи за да ги спасат други.
Претставува место и време за размислување, но и како да се молчи.
Белата е за сите оние кои го исполнуваат празниот простор и време со идеи, мисли, приказни, стихови, музика и се грижат за другите.
Белата потсетува на времињата по кризата во 1929 година, кога оваа беспрекорна боја беше прифатена за облеката како израз на чистота во сегашноста и надеж во иднината.
Пред сè: белата не е предавање, туку празен лист што чека да се напише, насловна страница на новата приказна што наскоро ќе почне.“
Во најавата на новиот број на Vogue Italia уредништвото отрки дека повеќе од 40 артисти (како Стивен Клајн, Паоло Роверски, Џиџи Хадид, Мерт и Алас…) се пријавиле на предизвикот да соработуваат од дома, од нивните карантински денови. Лично го замолиле секој уметник да „остане верен на ограничувањата што сите ги споделуваме во овие тешки времиња, создавајќи едноставни, искрени слики“ и да ја прикаже модата „на начин што најмногу го отсликува нивниот личен момент, без ништо друго во мислите“.
Резултатот се слики кои отсликуваат најширок опсег на емоции, важен визуелен документ за времето во кое живееме. На крајот на краиштата, тоа е израз на она што Емануеле и тимот на Vogue веруваат дека треба да биде целта на списанието – да зборува за светот преку модата.
Еве дел од испратените дела:
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари