Долги и широки, килот-моделот, износени фармерки до глужд, подвиткани со машки крој, со шари, бели, во пастелни тонови или со црно-бел принт се моделите на панталони што се носат ова лето. Широката понуда пред сè се однесува на модели што може да ги примените во својот изглед за на работа. Поголемиот дел од овие модели веројатно веќе ги имате во својот ормар, па може да ги носите во освежена, летна варијанта.
Килотките и долгите широки панталони одлично прилегаат на различни форми на телото, а се прилагодливи и за повеќе пригоди и комбинации. Одлично одговараат и со маичка по кратки ракави и патики и со елегантна блуза или кошула и високи потпетици. Можете да направите и целосна летна комбинациа со сандали и маичка на едно рамо или со разголени раменици.
Белите килот-панталони се на врвот на листата на најносени модели меѓу блогерките и трендсетерките. Тие се иделно летно парче, лесно за комбинирање. Треновската акомбинација-во бело од глава до пети, можете да ја примените со овој модел на панталони. Кобинирајте со бела блуза, маичка на прерамки и лесно летно палтенце со ракави со лакт. Може да изберете и кимоно со доминантна бела боја.
Црните и црно-белите миди панталони што ги носевте изминатата пролет, може да продолжите да ги комбинирате и летово. Секако со полесни, воздушести горни парчиња во светли тонови. Иако оваа сезона се носат почисти тонови и форми, не се плашете да изберете и некое пошарено моделе, со тропски принт или цветна шара. Сепак е лето, и колоритот е добредојден.
Џинсот ќе продолжи да доминира и ова лето, не само кај шорцевите и мини комбинезоните. Во деновите кога не е толку жешко или за вечерните прошетки и излегувања можете да ги носите три-четврт моделите на фармерки. Идеална комбинација е со маичка на пррамки или со бохо-кошула.
За опуштено лето, изверете удобен модел на панталони, во кои со мали детали можете да изгледате женствено. Идеални за лежерен имиџ се панталоните со машки крој, без разлика дали станува збор за модел што сте го купиле наменски, или пак сте го позајмиле од својот партнер. Ностее ги со маички со принт, трендовски впечатлив топ или со копулка. Не заборавајте на соодветен колан и на удобни чевли.
Нема коментари