Вечерва, 7 август, во 21 часот во кафулето „Љубов“ почнува „Ликвидијада“, нов проект на кафулето и брендот „Омајгад“, во кој се ангажирани неколку македонски диџеи кои својата вештина освен преку звукот на грамофоните ќе ја пренесат и преку објективот на камерата. „Ликвидијада“ започнува вечерва, целата атмосфера ќе биде снимена и проширена преку социјалните медиуми, со надеж да продолжи во некој нареден месец како една долга традиција и соработка. Ќе се слушаат liquid drum and bass хитови за кои ќе се погрижат скопските диџеи Game Over и Васо, кои се добро познати како најголемите поддржувачи на проектот „Омајгад“.
Нема коментари