Во среда, на 30 август, во 19 часот, на улицата „Максим Горки“ во Скопје, во близина на Hotel Marriott, ќе се отвори продавница на познатиот светски бренд за облека DOGO
Компанијата DOGO, кој во моментов брои над 5000 оригинални дизајни достапни во повеќе од 150 продавници низ светски метрополи како Берлин, Амстердам и Барселона, конечно ја отвора својата прва продавница во Скопје. Брендот, чие мото е креирање на парчиња кои ќе отскокнуваат од околината, е првиот во светот кој нуди чевли со испринтани оригинални дизајни.
Сите продукти кои DOGO ги нуди се рачно изработени, целосно произведени од вегански материјали и со уникатен дизајн инспириран од различни градови, познати личности, музички текстови, миленичиња и четирите временски сезони. Иако главниот производ на DOGO се чевли, во продавницата ќе може да најдете и широк избор на облека и модни додатоци за мажи, жени и деца.
Филозофијата на DOGO е да им понуди на своите клиенти комбинација на свежи дизајни и разумни цени. Нивните рачно изработени продукти им овозможуваат на оние во потрага по необично и оригинално парче облека да се изразат себеси и својот креативен дух. Меѓу другото, брендот силно се залага и ги поддржува сите оние кои се залагаат за заштита на животните и за еколошки свесно производство.
Моделите на фотографиите: Ирина Цоневска (Namess Tattoo) и Сања Ристиќ
Нема коментари