Карл Лагерфелд ја прикажа новата колекција на „Шанел“ утрово на 8 март, а на меѓународниот ден на жената тој го слави модното наследство на Коко Шанел, жената што го ослободи женското тело од корсети и воведе нова визија за облекување на жената. За креациите за есен-зима 2016/17 Лагерфелд внесе чувство на носталгија, враќајќи се темелите на модната куќа основана од Коко.
Просторот на париски Grand Palais беше трансформиран во старовремски салон за висока мода во кој сите седат во првиот ред. Манекенките излегуваа по неколку оддеднаш и вкрстено чекореа по салонот облечене во коплети од твид, модели со карнери, шифонски фустани, плетени џемпери, ватирани јакни, здолништа со шлицови на страна, креации во боја на циклама, од сè помалку без да се создаде хаотична колекција. Сепак, главните три елементи на колекцијата се костимите од твид, бисерните ѓердани и шапки како детаљ со кој Коко ја започна богатата модна кариера.
Нема коментари