Македонската дизајнерка и уметница Нина Симовска, позната по творењето под името Just Because, ја најавува својата трета самостојна изложба Is there Anybody out there? за понеделник, 21 декември, во 21 часот, во „Концепт 37“. Од името на изложбата се насетува дека е создадена под влијание на музиката и дел од текстовите на култните „Пинк Флојд“. Оваа изложба претставува сопствен, моќен и индивидуален одраз на длабоки емоции со кои авторката се идентификува.
„Доволно мрачни, а полни со љубов, овие дваесетина дела претставуваат опус кој зрачи со оптимизам за подобро денес, поставувајќи длабоки прашања во потрага по нешто надвор, нешто поголемо и подлабоко, интимно и тивко„ стои во најавата на изложбата која што е од продажен карактер.
Нема коментари