Како што претпоставуваате во плакарот на талентираната дизајнерка на чевли Шарлот Олимпија Делал има стотици чевли. Во сите форми и дезени. Шарлот потекнува од познатото семејство Делал, но својот бренд на чевли го потпишува со името Шарлот Олимпија. А својот бренд го лансира во 2008 година и тој претставува сè она што зрачи од Шарлот – откачена и гламурозна девојка. Нејзината креативна душа е британска, благодарение на нејзиниот живот во Лондон, a нејзините креации по изработка потсетуваат на италијанските мајстори на луксузна роба. Препознатива е по ниските чевли со мотив на мачка кои им се омилени на модните икони Кејт Мос и Дафне Гинис.
Доколку прошетате низ нејзиниот плакар, освен чевли ќе видите многу детали, микс на класични со креации инспирирани од модата во 30-тите, 40-тите и 50-тите години од минатиот век, необични чанти и голема колекција на очила за сонце. „Од мала ги сакам 30-тите, 40-тите и 50-тите. Со мајка ми гледавме многу филмови од тоа време и тој гламурозен стил ги засакав токму поради неа. Таа го сака гламурот, исто како и баба ми која беше многу гламурозна жена. Изгледа таа страна ја наследив од жените во мојот живот“, вели Шарлот која е ќерка на познатата бразилска манекенка од 80-тите, Андреа де Магалхаес Виера и сестра на моделката Алис Делал.
Нема коментари