Колоритно и впечатливо богатство од дизајнерска облека, винтиџ парчиња и необични модни додатоци – тоа е гардероберот на пејачката Келис која вратите на своето модно царство им ги отвори на уредниците на The Coveteur. Пејачката која вели дека животот, љубовта и музиката се инспирација за нејзините песни, открива дека првото поскапо дизајнерско парче што го купила биле розови чизмички од Џузепе Заноти. Денес таа е љубителка на дизајните на „Шанел“ и има многу парчиња од оваа париска луксузна куќа, но ги сака и „Ботега Венета“, „Луј Витон“ и Соња Рикиел, како и чевлите на „Миу Миу“, Изабел Марант, Шарлот Олимпија и „Касадеи“.
Келис сама го осмислила изгледот на гардероберот, односно на неколкуте соби во кои ги сместила облеката и чевлите, а го дефинира како „емотивен и тематски“. Ѕидовите на едната просторија се обоени во интензивно виолетова боја, а низ неа се распоредени рафтови со чевли и штендери со облека. Исто така, голема е нејзината збирка на винтиџ облека, како на пример парчиња од првата колекција на Џон Галијано и од последната на Александар Меквин. Од фотографиите за The Coveteur може да забележиме и необични парчиња мебел и декоративни детали.
Нема коментари